Wednesday, November 26, 2014

ВИДОВИ НА ПОЧВИ

 
ПОЧВЕН ПРОФИЛ

 -делувијални

-алувијални

-смолници

-црвеници

-кафеави почви

-солени почви

ДЕЛУВИЈАЛНИ ПОЧВИ

Во длабочината делувијалните почви често се редат во слоеви со различен механички состав.Меѓу овие почви се сретнуваат сите вариетети,од песокливи до глинести..Содржината на глината зависи од потеклото на наносите.По должина на наносниот конус можат да се одделат три различни зони.Во највисокиот дел на конусот и покрај самото корито на поројниците се јавува зона на многу груби,често сосема склетни почви.Средната зона има пофин состав,додека најниската е најдобро сортирана.Според физичкиот состав повеќето делувијални почви се цедливи,пропустливи и топли почви поради што често страдаат од суша.Сиромашни се со хумус.Од гледиште на производните својства површините на делувијалните почви може да се подели на три групи:каменливи и чакалести-не се во состојба да ги снабдуваат растенијата со храна и вода,заблатени делувијални почви-најчесто се користат како ливади и најраспространети делувијални почви-се користат во земјоделско производство.





















ДЕЛУВИЈАЛНА ПОЧВА

АЛУВИЈАЛНИ ПОЧВИ 

Алувијалните почви постојано се обновуваат и подмладуваат со нов речен нанос,содржат хумус,глинени минерали и биогени елементи(се одликуваат со плодност).Одалечувајќи се од речното корито може да се разликуваат три зони ,кои се одликуваат со свои специфични релјефни,хидрографски,вегетациски и почвени услови.Во крајбрежната зона,најблизу до реката,каде што и движењето на водата е најбрзо,за време на поплавите се таложат песокливи наноси,со помалку или повеќе речен мил.Во овој дел,кој обично е издигнат,се образуваат вистински алувијални почви.Оддалечувајќи се од коритото се доаѓа до втората зона,каде се таложи пофин материјал.Овде посилно е изразена ливадска вегетација.Во третата-најоддалечена зона,теренот е најнизок,а влажнењето најсилно.Во почвите се јавува мочуришна вегетација,со што алувијалните почви минуваат во мочуришни почви. 
АЛУВИЈАЛНА ПОЧВА

СМОЛНИЦИ

Најважен процес во смолниците,по кои силно се разликуваат од останатите почви е педотурбација.Оттаму доаѓа и нивното име вертисол(verto-превртува).Педотурбација се јавува поради две причини:прво поради големо количество на глина што бабри и поради контрасноста во влажнењето и сушењето на почвата.Со настапување на пролетта доаѓа до сушење на почвата,со што почвената маса најнапред(без напукнување)се спушта надолу.Со натамошно сушење почвата ја губи својата пластичност и почнува да пука.На самата површина каде сушењето е најбрзо,почвената маса може да добие зрнеста структура во еден слој од неколку сантиметри.На помало или поголемо растојание се формираат широки и длабоки пукнатини,во кои во сувата сезона тоне ситната маса од површинската зрнеста структура на почвата.Таа ги полни дната на пукнатините до одредена височина.Со настапување на влажниот период дождовницата навлегува во пукнатините и ги влажни оддолу нагоре.Значи додека во лето почвената маса тоне,во влажниот период се качува нагоре. 
СМОЛНИЦА

ЦРВЕНИЦИ

Мал дел од црвениците и тоа на мали петна(вртачи,ували,мали карстни полиња)се обработуваат.Производните својства и начинот на користење на овие почви зависат од длабочината на профилот,степенот на нивната еродираност,како и од физичките и хемиските својства.Плитките црвеници не може да се обработуваат,а се богати и со скелет.Најчесто се под макии или карстни пасишта кои во пролет даваат квалитетна трева, но со настапување на летото таа брзо се суши.Црвениците иако зафаќаат мали површини, се единствените почви во ниските делови на карстните планини што може да се користат во земјоделството. 
ЦРВЕНИЦА


КАФЕАВИ ПОЧВИ

Кафеавите шумски почви се богати со хумус - до 12 %, но хумусната материја не е многу квалитетна (не е завршен процесот на хумификација). Реакцијата е слабо кисела - pH се движи од 5,5 - 6. Снабденоста со усвоив азот и усвоив фософор за растенијата е средна. Имаат потреба од комбинирано ѓубрење. На нив обично има планинска вегетација и ретко се користат за земјоделство (најчесто за одгледување на компири). Во повисоките делови на планините, кафеавите шумски почви преминуваат во темнобоени шумски и планинско-ливадски почви. На површината обично има до 5 cm шумска простирка од мртви органски остатоци, по што следува 10 до 60 cm хумусно-акумулативен хоризонт. Овие почви се фрагментирани - содржат островрвни камења во целиот почвен профил.Распространети се во долниот дел од средниот шумски растителен појас.Кафеавите шумски почви имаат лесен механички состав. Се одликуваат со значителна скелетност. Има интензивно глинообразување. Од гледна точка на шумското стопанство, КШП се многу плодородни. Тука растат најпродуктивните букови и иглолисни шуми. Поради релјефот се одвиваат интензивни ерозивни процеси, при што шумскорастителните својства се лоши. Истото е и кај плитките почви на јужни експозиции.Почвообразувањето се карактеризира со големо количество врнежи, висока воздушна влажност, дебела снежна покривка, средна температура од 6 - 10 °С.Климата е преодно-планинска шумска.Вегетацијата се формира целосно под влијанието на дрвенестата растителност. Најчести се насадите од дабот горун, потоа бука, црн и бел бор, ела и смрча.Карпите врз кои се образуваат се најчесто бескарбонатни - гранот, гнајс, микашист, песочники др. На карбонатни карпи се образувале карбонатни кафеави шумски почви. Релјефот е ридесто-предпланински до планински.
КАФЕАВА ПОЧВА

СОЛЕНИ ПОЧВИ

Постојат повеќе начини на образување на солени почви.Главно е со капиларно издигнување и испарување на плитките и засолени подземни води кои во овие почви најчесто се поплитки од 150 сантиметри.При силно испарување на водата од почвата,во топлиот и сушен дел од годината се врши акумулација на соли и тоа најмногу во површинскиот дел на профилот.Генерално земено засолувањето е поинтензивно во колку подземните води се поплитки и позасолени,како и во колку климатските услови се потополи и посуви.Човекот исто така придонесува за образување и ширење на солените почви.Тоа може да се случи ако се врши наводнување со засолени подземни води или ако во услови на засолени подземни води со наводнување се подигне нивото до длабочина помала од критичната. 
  СОЛЕНА ПОЧВА(КОРА)